Re: press release to translate - GUADEC (Macedonian)




„GUADEC“ 2006 ЗАКАЖАН ЗА БАРСЕЛОНА

   7-та годишна корисничка и развивачка Европска 
конференција за Гном (GUADEC) во Барселона ке привлече 
корисници од областа на бизнисот, владините и образовните 
институции како и крајни корисници.
СКОПЈЕ, Македонија - 20 јуни, 2005. 7-та корисничка и развивачка 
Европска конференција за Гном (GADEC) во Барселона (Каталонија 
– Шпанија) ќе привлече развивачи на софтвер како и бизнис, 
владини и приватни корисници на слободниот и софтверот со 
отворен код.

Конференцијата ќе ги промовира можностите и правецот на 
развој на Гном – слободната работна површина и развивачка 
околина за лични компјутери, работни станици и мобилни 
интернет уреди.
Главните теми вклучуваат работилници за развој, примери за 
локализација, бизнис модели за развивање на слободен 
софтвер, Гном во мобилните уреди и дискусии за иднината на 
Гном.

„GUADEC“ ќе биде заеднички организиран од страна на 
фондацијата Гном, Каталонската влада, Советот на Барселона, 
Конгресот за глобален интернет и локалната заедница на 
корисници и поддржувачи на слободниот софтвер. Настанот ќе 
се одржи во склоп на „IGC“ во „Фира де Барселона“ во Мај 2006, 
а точниот датум треба да биде објавен наскоро.

Овен Тејлор, претседател на одборот на фондацијата Гном, го 
поздравува учеството на локалната администрација: „Ова е 
инзвонредна можност да се прикажат нивните достигнувања во 
е-владата и образованието и да го  споделат тоа со 
посетителите од целиот свет“.

Владата на Каталонија и Советот на Барселона се посветени и 
обврзани на употребата на отворените стандарди и слободен 
софтвер и софтверот со отворен код во јавниот сектор и го 
потикнуваат користењето на слободниот софтвер кај 
граѓаните. 

Секретарот за „телекомуникации и информациона заедница“ 
во Каталонската влада, Ориол Феран истакна „Важноста за 
Каталонија да биде домаќин на вакви настани како „GUADEC“ е 
во тоа што тие им помагаат да ја подржат владината 
национална политика за промоција на развој на слободниот 
софтвер.„ 
Според Ориол Феран „Овие средби ни дозволуваат да 
навлеземе во главните точки на дебатата за развивање на 
слободниот софтвер со тоа поставувајќи ја Каталонија како 
интернационална референца во ова поле.

За Гном и фондацијата Гном

Составена од илјадници развивачи-волонтери и компании кои 
што се водечки во индустријата, фондацијата Гном е 
организација посветена на поддршката за напредувањето на 
Гном. Гном е слободна работна површина и развивачка околина 
за лични компјутери, работни станици, мрежни сервери и 
мобилни интернет уреди. Водечките гиганти во софтверската 
индустрија како и компјутерските произведувачи го 
подржуваат развојот на Гном кој што е воден од страна на 
светската заедница на волонтери. Фондацијата му обезбедува 
организациона, финансиска и легална поддршка на проектот 
Гном, помага да се одреди неговата визија и пат. Повеќе 
информации за Гном можете да најдете на http://www.gnome.org/.

Зa „GUADEC“

Гном корисничката и развивачка Европска конференција 
претставува годишно собирање на развивачи на Гном, 
ентузијасти како и индивидуални бизнис, образовни и влдини 
корисници ширум светот. Обезбедува форум за членовите на 
проектот Гном за да се претстави нивната работа и да се 
дискутира за иднината на Гном. Лоциран во различна Европска 
земја секоја година, „GUADEC“ претставува еден вид 
катализатор за понатамошниот развој и правец на Гном. 
Повеќе на http://guadec.gnome.org.

За „IGC“

Глобалниот конгрес за интернет („IGC“) е водечкиот конгрес 
за интернет и нови технологии во Шпанија.  Организиран од 
фондацијата „Барселона Диџитал“, конгресот организира 
серија на конференции насочени кон голем број на клучни 
теми во информатичкото општество, како и егзибиција („IGC“ 
село) каде што луѓето можат да ги откријат најновите 
продукти и сервиси од областа на ИКТ. Повеќе на www.igcweb.net.
Линукс е заштитна марка на Линус Торвалдс. Сите други имиња 
и заштитни марки се сопственост на нивните сопственици.


[Date Prev][Date Next]   [Thread Prev][Thread Next]   [Thread Index] [Date Index] [Author Index]